Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година мора да почнеме преговори, велат од Владата
Македонија

Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година мора да почнеме преговори, велат од Владата

април 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Северна Македонија мора да ги почне претпристапните преговори, мора да има одлука, а кога таа одлука ќе се донесе зависи од сплет на околности – од една страна продолжувањето на спроведувањето на домашните реформи, од друга страна случувањата во самата Унија, во чии земји членки почна кампања за изборите за Европскиот парламент. Извори од Владата денеска на брифинг, говорејќи за неформалниот самит за Западен Балкан, кој под водство на Ангела Меркел и Емануел Макрон се одржа во Берлин, изразуваат оптимизам дека земјава зелено светло за почеток на преговори ќе добие во јуни.

Освен реформите и случувањата во самата Унија, суштинско во моментов е успешно завршување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката за почеток на преговорите ќе зависи и од одлуката на секој граѓанин да излезе на гласачкото место, бидејќи неуспешен втор круг ќе биде лоша порака до земјите-членки за демократската зрелост на државата, велат од Владата и додаваат дека тука е важна личната одговорност на секој граѓанин.

На патот кон полноправно членство во Унијата, велат извори од Владата, има работи кои зависат од нас, како што е законот за Јавното обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО и воопшто реформската агенда, но има работи кои зависат од европските избори и динамиката внатре во самата ЕК. Велат оваа година има кусо време меѓу објавувањето на извештаите и дискусијата, особено во тие земји каде таа мора да помине во парламентите, како што е случајот со Германија.

Различни земји-членки имаат различен фокус – има земји во кои има повеќе фокус на реформите, има земји кои повеќе се фокусираат на геополитичката ситуација, но сепак велат од Владата во моментов во пресрет на европските избори и пред да го видат извештајот земјитечленки избегнуваат да дадат јасен став. Таков е и случајот со Франција.

Додека не поминат европските избори Париз нема да даде јасен и гласен став во однос на почетокот за преговори за земјата.

Извори од Владата се сепак оптимисти за иднината на оваа држава, за нејзината европска перспектива и покрај сите технички предизвици со кои може да се соочи во периодот што доаѓа. Нашата приказна, додаваат тие, е толку сигурна, моќна, ги надминува нашите граници поради што ниту една земја членка не може да остане индиферентна.

Во фокусот на неформалниот самит бил спорот меѓу Белград и Приштина, обид за давање поттик за одмрзнување на конфликтот, а сето тоа низ призма и по пример на начинот на кој спорот го решија Северна Македонија и Грција. Земјава била посочена како држава со посебна улога, како модел кој треба да ги охрабри другите да најдат решение – на европски начин да се решаваат балкански проблеми. Самитот почнал и завршил со глорификација на нашето достигнување.

актуелно ЕУ НАТО разговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.