За еден ден во Израел повторно над илјада новозаразени луѓе со Ковид-19

Првпат во изминатите четири месеци бројот на новозаболени од Ковид-19 во Израел за еден ден се искачи над илјада луѓе, соопшти вчера израелското Министерство за здравство.

За еден ден регистрирани се 1.118 новозаразени лица, што е најголем дневен број од средината на март.

Поради зголемување на бројот на новозаболени во Израел од 21 јули повторно ќе биде забрането повеќе од сто луѓе да бидат во затворен простор. Сите што ќе присуствуваат на такви настани ќе мора да бидат вакцинирани, да прележале Ковид-19 или да имаат негативен тест и сите ќе мора да носат заштитни маски.