Во Италија падна историски дожд, срушен европскиот рекорд

Во Италија вчера во текот на силното невреме падна рекордна количина на дожд – толку со што се сруши европскиот рекорд во количина на дожд кој паднал за 12 часа.

Сателитската снимка која ја прикажува количината на врнежи над Италија во последните 36 часа на Твитер ја објави шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

U Italiji pala povijesna kiša, srušen europski rekord

Италија… нов европски рекорд. Неверојатни 740.66 милиметри дожд за само 12 часа“, напиша Данкан.

Во Италија е срушен националниот рекорд на количина на дожд кој паднал за шест часа, а потоа и европскиот рекорд на количина на дожд во период од 12 часа. Ова е сателитска снимка од последните 36 часа“, напиша метеорологот.

За каков дожд станувало збор, можеби најдобро зборува податокот измерен во градот Росиглионе, недалеку од Џенова. Таму, во понеделникот и вторникот, за 12 часа наврнале 741,68 мм дожд, што е речиси 60 проценти од вкупната количина која во тој град паѓа за една година.

За период од 48 часа во Италија се забележани неверојатни пола милион молњи.