Во Кина ги забранија Покемоните

Кинеските власти одбија да дадат лиценца за играта на мобилен телефон „Покемон го“ до конечната оценка од сите ризици кои ги прави апликацијата.

Стручни лица вршат дополнителни проверки за да утврдат дали може „Покемон го“ да биде „закана за безбедноста на геогравските информации и закана за транспортната и личната безбедност на потрошувачите“.

Не се соопштува колку долго кинеските власти ќе ги вршат проценките за играта.

„Покемон го“ е бесплатна апликација креирана на технологија на проширена реалност.

Смартфонот по пат на ГПС уред ја проектира вашата стварна околина во која се кријат виртуелни покемони, а целта е играчот физички да стаса до местото во опкружувањето на кое се наоѓа покемонот и тој да се „фати“.

Апликацијата „Покемон го“ предизвика неколку сериозни инциденти низ светот.

Забележан е случај кога шеф на администрацијата на Меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон морал да интервенира посетителите да престанат да ги ловат покемоните внатре во зданието, додека нешто подоцна тоа е сторено и во музејот во Аушвиц.

POKEMON