Во Кичево без нарушување на полицискиот час

Во изминатото деноноќие во Кичево нема нарушување на полицискиот час.

Не е регистрирано ниту нарушување на јавниот ред и мир.

На територијата на Општина Кичево засега во изолација се 11 лица, додека во самоизолација се наоѓаат 24 лица.

Според СВР Охрид, полициските службеници во овој период извршија 59 контроли врз угостителски објекти.