Во Кривичен судење за автобуската несреќа кај Ласкарци

Со сослушување на сведоци и оштетени, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се шест лица.

На минатото рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници.

Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.