Во Мариупол убиен филмски режисер: „Умре со камера во рацете“

LinkSense.mk

Режисерот Мантас Кведаравичиус е убиен вчера во украинскиот град Мариупол, јавија украинското Министерство за одбрана и неговите колеги.

Додека се обидуваше да го напушти Мариупол, руските окупатори го убија литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус“, соопштија украинските власти.

Изгубивме режисер добро познат во Литванија и во целиот свет, кој до последен момент, и покрај опасноста, работеше во Украина окупирана од Русија“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Кедаравичиус, кој оваа година требаше да наполни 46 години, беше познат по неговиот документарен филм за зоната на конфликтот Мариуполис, кој беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2016 година.

Филмот прикажува портрет на градот Мариупол, стратешко пристаниште во отцепениот регион Доњецк, каде што проруските борци се бореле против украинските сили во 2014 година.

Кведаревичиус студирал на Универзитетот во Вилнус и има диплома по социјална антропологија на Универзитетот во Кембриџ, соопшти кабинетот на претседателот.

Мантас Кведаравичиус беше убиен денеска во Мариупол, со камера во рацете, во оваа посрана војна на злото против целиот свет“, изјави рускиот филмски режисер Виталиј Мански, основач на фестивалот „Артдокфест“ на кој учествуваше Мантас.