Во Мексико вооружени напаѓачи упаднаа во Градско собрание и убија 18 луѓе

LinkSense.mk

Вооружени напаѓачи вчера упаднаа во Градското собрание на Сан Мигел Тотолапан и отворија оган, при што загинаа 18 луѓе, а двајца се повредени, соопшти мексиканската полиција.

Меѓу жртвите се и градоначалникот Конрадо Мендоза и неговиот татко, поранешен градоначалник.

Сан Мигел Тотолапан се наоѓа во регионот Тиера Калиенте, западно Мексико каде наркокартелите се борат за превласт.

Жителите на Сан Мигел Тотолапан гневни од киднапирањата од локалната банда „Лос Текилерос“, во 2016 година ја киднапираа мајката на водачот на бандата за да обезбедат ослободување на други лица.