Обединетите нации соопштија дека околу 30.000 луѓе се вратија во деловите на ирачкиот град Мосул од кои се протерани припадниците на Исламска држава после големите воени операции почнати во октомври минатата година.
Канцеларијата на ОН за координација со хуманитарни операции информираше дека бројот на повратниците во градот постепено се зголемува од минатиот месец кога ирачките сили ја прогласија источната половина од градот за „потполно ослободена“.
Западната половина на Мосул, во која живеат околу 750.000 луѓе, сеуште е под контрола на Исламска држава.
Екстремистичката организација го завзеде Мосул за неколку денови во летото 2014 година, кога освои голем дел од северен и централен Ирак.