Во нападот на Универзитетот во Хајделберг четворица повредени, напаѓачот извршил самоубиство?

LinkSense.mk

Во кампусот на Универзитетот во Хајделберг неколку лица се повредени во предавалната, а според полицијата напаѓачот е мртов.

Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот бил студент на овој универзитет и дека по нападот се самоубил. Во нападот повредил четири лица, а едно од нив е тешко и се наоѓа во животна опасност.

Се претпоставува дека зад нападот нема политички или верски мотиви. Напаѓачот со себе зел неколку пушки. Полицијата вели дека не претпоставува дека имало повеќе напаѓачи, но го пребарува кампусот за да ја отфрли можноста дека имал соучесници.

Полицијата се уште не дава информации за идентитетот на повредените, како и на напаѓачот, а забранила и пристап до околината.

 

ФОТО: МИА