Во Палермо илјада лешови чекаат погреб

Повеќе од илјада ковчези со телата на починатите чекаат да бидат погребани во Палермо, објави новинската агенција Анса.

„Ковчезите се натрупуваат од есента 2019 година, а некои пукнаа поради неодамнешната неподнослива жештина, изјави директорот на локалните гробишта Ротоли, Леонардо Кристофаро.

Тој истакна дека „поради недостаток на гробови, како и поради високите температури, многу лешови почнале да скапуваат“.

Кристофаро предупреди дека ситуацијата бара итно поставување кутии во земјата или купување соодветни ковчези со цинк, кои помагаат да се спречи распаѓањето.

„Свесни сме дека без погребување на лешовите или набавка на ковчези со цинк, ситуацијата може само да се влоши, што исто така може да претставува опасност за здравјето на луѓето, нагласи Кристофаро.