Во првите два дена од изборите за Думата гласале 31,51 отсто од руските избирачи

Во првите два дена од изборите за новиот состав на руската државна Дума на гласачките места излегле 31,51 отсто од гласачите, јави денеска прес-службата на Централната изборна комисија (ЦИК).

„До 20 часот синоќа на руска територија, не сметајќи го електронското гласање од далечина, на изборите гласаа 31,51 отсто од граѓаните“, јави прес-службата, пренесе Тасс.

Изборите за Долниот дом на рускиот Парламент, руската државна Дума, почнаа во петокот на 17 септември и ќе траат до денеска, 19 септември.

Покрај изборите за Думата, гласачите гласаат и за гувернери на девет руски региони, како и за составот на 39 локални парламенти.