Во САД нови 56.000 заразени со коронавирус за последните 24 часа

Во САД во последните 24 часа се пријавени нови 56.100 случаи на коронавирус.

Со тоа вкупниот број на заразени се зголеми 3.361. 042 случаи, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Од Ковид-19 во САД во последното деноноќие умреле 377 лица, а вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 135.582, пренесе Си-Ен-Ен.