Американската Национална метеоролошка служба денес најави дека на југоистокот на САД ќе продоли налетот на врзи и силни бури, вклучувајќи и торнада, во кои животите до сега ги загубија 15 лица, а десетици се повредени.
Торнадото во округот Кук, на југот на Џорџија профуче низ паркинг за камп приколки и потполно го срамни со земја, убивајќи притоа седум лица.
Во соседните окрузи исто така имаше жртви, вклучувајќи четири лица кои во саботата загинаа во торнадо во Мисисипи.
Постои можност јужна Џорџија, северна Флорида и југоисточна Алабама и ноќва да бидат погодени од силни торнада, со брзи ветришта проследени со крупен град.
Од околу 38 милиони луѓе колку што живеат во тој регион, за околу 4,8 милиони е проценето дека се наоѓаат во подрачје на „висок ризик“ и се предупредени да се подготват за најлошото.