Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АМЕРИКАНЦИТЕ САКААТ ЕДНО ВРЕМЕ: Сенатори бараат да нема враќањето на часовниците
СВЕТ

АМЕРИКАНЦИТЕ САКААТ ЕДНО ВРЕМЕ: Сенатори бараат да нема враќањето на часовниците

март 3, 2023Updated:март 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Група од 12 американски сенатори повторно предложи закон со кој летното сметање на времето во САД ќе остане трајно.

Во март 2022 година, Сенатот едногласно изгласа во САД да заврши менувањето на часовникот двапати годишно. Но, законот не успеа да помине во Претставничкиот дом бидејќи конгресмените не можеа да се договорат дали да го задржат зимското или летното сметање на времето.

Новиот предлог доби поддршка од сенаторите и од Републиканската и од Демократската партија.

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, кој стои зад предложениот закон, ритуалот на менување на часовникот го нарече „глупав и застарен“.

Во Претставничкиот дом сличен закон предложи и конгресменот Верн Бјукенан, исто така, од Флорида, кој оцени дека укинувањето на сезонското време ќе донесе огромни здравствени и економски придобивки.

Телевизиската мрежа Еј-би-си (ABC) истакна дека ваквата идеја има значителна популарност во САД. Анкетата на Универзитетот Монмаут, спроведена минатата година, покажа дека 61 отсто од Американците сакаат да се укине сезонското сметање на времето.

Истото истражување покажа дека 44 отсто од Американците сакаат летното сметање на времето да стане трајно, додека 13 отсто сакаат стандардното (зимско) сметање на времето да остане во текот на целата година.

Американските медиуми посочуваат дека поддршката за укинувањето на поместувањето на часовникот двапати годишно доаѓа од оние кои велат дека тоа ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија, ќе ја ублажи сезонската депресија и ќе го елиминира зголемувањето на сообраќајните несреќи кои вообичаено се случуваат за време на смената на часовникот.

Оние,пак, кои се за задржување на статус кво велат дека со завршување на летното сметање на времето, милиони училишни деца во зимскиот период на часови ќе одат во темница.

Летното сметање на времето во САД е воведено во 60-тите години на минатиот век, а оваа година почнува на 12 март и ќе трае до 5 ноември.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно време САД сезонско сметање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.