Во САД пристигна нов снежен бран, откажани стотици летови

LinkSense.mk

Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови.

Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата.

Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.

Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.

-Се приближува многу студен и непријатен систем што ќе го отежне патувањето, изјави Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.

 

ИЗВОР: МИА