Во Свидовица, во Струмичко, заплената марихуана

LinkSense.mk

Вчера врз основа на Наредба за претрес на дом и други простории издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица полициски службеници од СВР Струмица- НК за КР-ЕНТ во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи извршиле претрес во домот на лицето О.И. (20) од с. Свидовица, струмичко, при што пронашле марихуана и гранки од растението Cannabis.

Од страна на СВР Струмица по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.