Во септември зголемен број патувања на Бугари во Северна Македонија, Романија и Србија

– Патувањата на бугарски државјани во септември 2019 година изјнесувале над 653 илјади, или за 3,2 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Зголемување на бројот на патувања во однос на септември лани се евидентирани кон Северна Македонија – 16,2 отсто, Романија – 7,2 отсто, Србија – 3,7 отсто, Австрија – 2 отсто, Турција – 1,9 отсто, Грција – 1,4 отсто, Германија – 1,3 отсто и други. Истовремено се намалуваат патувањата на Бугарите во Русија – за 19,5 отсто, Чешка – 10,9 отсто, Унгарија -7,5 отсто, Португалија – 4 отсто…

Во септември 2019 година најголем број патувања на бугарски државјани се реализирани кон Грција – 158.300, Турција – 155.600, Србија -49.100, Романија – 48.800, Германија – 42.000, Република Северна Македонија – 38.800, Австрија – 20.300.

 

 

 

ИЗВОР: МИА