Во Скопје изречени се 157 прекршоци: 16 лица возеле без возачка дозвола, 56 се казнети за пребрзо возење

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење на мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.