Во Скопје утрово почувствуван земјотрес

LinkSense.mk

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија го регистрирала земјотресот во 9 часот и 48 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.