Во Скопје 111 возачи возеле побрзо од дозволеното

– Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на територија на Скопје санкционирани се 111 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Акциската контрола на МВР е спроведена во периодот од 14 до 20 часот.

Двајца возачи возеле со брзина над 70 километри на час над дозволената, а 12 со брзина над 50 километри на час над дозволената.

Контролите на полицијата, како што информираат оттаму, продолжуваат и понатаму со цел поголема безбедност на сообраќајот.