Во Скопје 134 санкционирани возачи, 59 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 15 санкции за возење без возачка дозвола и четири за технички неисправни во јавен превоз.

Од МВР информираат дека се изречени осум санкции за користење мобилен телефон, шест санкционирани возачи на мотоцикли, две мерки за некористење сигурносен појас и 14 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.