Во Скопје 238 сообраќајни санкции, 62 за брзо возење

LinkSense.mk

На територијата на Скопје вчера се изречени вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 43 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во главниот град полицијата вчера изрекла 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.  Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Извор: МИА