Во Скопје направени 303 сообраќајни прекршоци, 156 пешаци санкционирани

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 156 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.