Во Флорида опасност од катастрофални поплави поради истекување на отровна вода

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис изјави дека се работи на спречување на истекување на големо количество отровна вода во близина на Тампа, а се евакуира населението поради опасност о „катастрофални поплави“.

Според локалните власти од округот Манати, каде се наоѓа резервоарот со токсична вода од стара фабрика за преработка на ѓубриво, ако водата се излее во рок од неколку минути може да достигне висина од шест метри.

Затворени се делови од автопатот, наредена е евакуација на 316 домаќинства.

Локалите власти тврдат дека ако се протече отровната вода нема да го загади езерото Манати, што е извор на вода за пиење.

Водата се испумпува откако во март почна да протекува вода, а потоа се урна ѕид од резервоарот поради што постои опасност да се излее токсичната вода. Локалните власти се надеваат дека до утре значително ќе се намали ризикот од поплава.