Во Ѓорче Петров санкционирани 205 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на општина Ѓорче Петров вчера изрекла вкупно 205 санкции.

За возење без возачка дозвола санкционирани се 34 лица, откриени се 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, а казнети се 13 лица за неносење заштитна маска.

Од МВР соопштуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот