Во 97 училишта во Белград дојави за поставени бомби

LinkSense.mk

Министерството за образование на Србија соопшти дека утринава во 97 основни училишта во Белград, добиле дојави за поставени бомби како и во некои средни училишта, а во голем број од нив по полициска проверка било утврдено дека дојавите се лажни.

Родителите добија пораки да не ги носат децата на училиште, наставата не е ни започната, а децата кои ќе пристигнат се враќаат дома.

За дојавите се информирани надлежните служби и претстои претрес на специјализирани екипи, јави Бета.

 

МИА