Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вратен монополот на поштенските услуги
Економија

Вратен монополот на поштенските услуги

ноември 2, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот.

„Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 01 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница.

Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор.

Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година.

Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги.

Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта“ на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти“, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

актуелно вратен македонска пошта монопол
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.