Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови се очекува развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Според УХМР, на одделни места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Утре и во четврток претпладне времето исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, додека попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Заради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на оваа седмица на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.







