Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од 0 до 7, а во текот на денот од 11 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата во текот на денот ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.
И во текот на утрешниот ден времето ќе биде претежно сончево, а ќе има слаб до умерен ветер од југозападен правец.