Врховниот суд треба активно да се вклучи во реформите во правосудството, заклучија Маричиќ и Арслани

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Фаик Арслани.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало околу спроведувањето на реформите и состојбите во правосудството, како и воедначување и подобрување на судската пракса.

Министерот Маричиќ истакнал дека очекува активно учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисока судска инстанца во државата и нејзино вклучување во реформите во правосудството.