Вчера регистрирани 19 починати од корона вирус

Во последните 24 часа пријавени се 19 починати од Ковид-19, што е рекорден број од почетокот на четвртиот бран.

Од починатите, 18 се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Дури 11 се од Полошкиот регион, шест од Тетово и пет од Гостивар, тројца се од Куманово и по едно лице од Скопје, Струмица, Струга, Свети Николе и Валандово.

Вчера беа евидентирани 1.158 нови случаи од направени 6.256 тестирањa и регистрирани 166 оздравени пациенти.

Од новите 1.158 случаи, од Скопје се 353, од Гостивар – 216, од Тетово – 122, 71 се од Кичево, 69 од Струмица, 57 од Куманово, од Струга се 42, од Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, од Велес и Гевгелија по 13, Кочани и Ресен по 10, Свети Николе – девет, Кратово – осум, од Пробиштип и Македонски Брод по шест, Богданци – пет, Берово и Виница по четири, Радовиш и Делчево по три, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по двајца и Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран по еден.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 2.827 активни случаи, во Тетово – 1.555, а во Гостивар -1,301. Следи Куманово со 540 активни, Кичево со 459, Струмица – 397, Охрид – 241, Струга – 231, Дебар – 160, Битола – 159 и Прилеп со 102.

Во другите градови има под 100 активни случаи, а веќе нема град без позитивни на корона вирус.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица од Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.