Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Габер: Приближени ставовите околу концептите, на следната средба ќе се работи на конкретни прашања
Македонија

Габер: Приближени ставовите околу концептите, на следната средба ќе се работи на конкретни прашања

март 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На дводневната втора по ред средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција што се одржа во Скопје минатиот викенд, се приближени ставовите во однос на концептите на двете страни, а утврдена е и динамиката на наредните средби, изјави копретседавачот со македонскиот дел од Комитетот амбасадорот Виктор Габер.

Како што посочи Габер, таа динамика треба да придонесе за да може многу поконкретно во наредниот период да прејдат на изучување на конкретни формулации во учебниците и тие да бидат адаптирани, како што рече, на новото време кое што го донесе Преспанскиот договор, а врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

„Атмосферата беше колегијална, конструктивна. Се работи за два концепта што треба да се усогласат, и тоа е неспорно бидејќи станува збор за два образовни система коишто со години се граделе и кои си имаат своја историја, а треба да имаат заедничка иднина, рече Габер.

Она што треба да се избегнува во учебниците е анимозитет во третирање на едната кон другата страна и во двете насоки, за новите генерации да се образуваат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка.

На средбата во Скопје разгледани биле учебниците по историја и географија за основно и средно образование. Станува збор за огромен материјал, затоа, вели Габер, на два пати беа одложени состаноците на барање на грчката страна.

На наредната средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет закажана за 12 и 13 април во Атина ќе се работи на конкретни прашања.

„Многу периоди не поврзуваат со грчката страна. Ние сме соседи, сме биле можеби 400-500 години во една државна структура каде имало мешање од секаков вид – економски, културно, социјално. Словенската маса кога дола овде се населила на територија на некогашното Источно римско царство, според тоа ние сме живееле со тие луѓе. Дали народите се поместувале лево или десно заради историски те околности тоа е сосема друга работа, но ние сме живееле сите заедно во разни културни и социјални средини, вели амбасадорот Габер на новинарско прашање.

Од работата на Заедничкиот интердисциплинарен комитет треба да произлезат препораки за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво. Целта е постигнување на роковите одредени со Спогодбата од Преспа веќе од следната учебна година да се отстранат од наставните програми и од учебниците спорните точки и карти и илустрации

актуелно концепти ставови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.