Газпром лани двојно ги зголеми приходите од продажба на гас

LinkSense.mk

Приходите на Газпром од извозот на гас преку гасовод во 2021 година се зголемија повеќе од двојно во однос на претходната година, на 55,5 милијарди долари, со просечна годишна цена од 272,8 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на руската сојузна царина.

Во декември, извозната цена на гасот на Гаспром порасна за 15,8 отсто во однос на ноември, на 517,8 долари за илјада кубни метри.

Физичкиот обем на извозот на гас во 2021 година е зголемен за половина процент во однос на 2020 година, на 203,5 милијарди кубни метри. Само во декември обемот на извозот е зголемен за 12,4 отсто на годишна основа, на 16,1 милијарди кубни метри.

Приходите на компанијата од извозот на гас во декември се зголемија за 15,8 отсто во споредба со ноември, на 8,34 милијарди долари, и речиси 2,2 пати на годишно ниво.

Цената во декември изнесуваше 517,8 долари, наспроти 156,6 долари во декември 2020 година. Просечната цена за цела 21-ва беше 272,8 долари.

Овие цени се многукратно пониски од берзанските. Така, на 21 декември минатата година, берзанската цена на гасот во Европа за прв пат во историјата надмина 2.000 долари за илјада кубни метри, во бранот на претстојното студено време и невообичаено ниските резерви во европските подземни складишта.

Но, во следните денови, цената беше приспособена поради затоплувањето, зголеменото производство на електрична енергија од ветерните електрани и зголемениот број танкери кои превезуваат течен природен гас ЛНГ од САД во Европа.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)