„Гардијан“: Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1 е во Канада

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1, што однесе десетици илјади животи во Бразил, се наоѓа во канадскиот скијачки центар Вистлер, во Британска Колумбија, објави Гардијан.

Провинциските власти мораа да го затворат одморалиштето кон крајот на март кога сфатија дека меѓу оние кои се заболени од коронавирусот има и со бразилски мутиран тип.

Додека канадските провинции уриваат негативни рекорди за бројот на заболени од Ковид-19, експертите се многу загрижени за опасното и брзо ширење на разни соеви.

Од 877 потврдени случаи на сојот П1, има речиси 200 заразени во Британска Колумбија, што го прави најголемо жариште на бразилскиот сој надвор од јужноамериканската држава, каде има повеќе од милион активни случаи, а бразилските власти велат дека околу 90 проценти од пациентите страдаат од П1-вирусот.

Се верува дека П1 е многу заразен и значително пофатален за помладителуѓе и има голема моќ да ги реинфицира луѓето кои прележале Ковиед-19.

Претходните студии покажаа дека може да изврши реинфекција на 25 до 61 процент од луѓето кои го прележале Ковид-19, но вистинскиот број ќе се утврди само кога ќе се знае повеќе за бразилскиот мутиран тип.