Гаши: Баравме начин за излез од кризата

Копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи, Карл Билт, одржа работна средба со потпретседателот на Беса, Африм Гаши.

На неа се разговарало за актуелната криза во Република Македонија и евентуални решенија околу излез од истата.

Исто така, станало збор и за ставовите и гледиштата на Движењето Беса за политичката ситуација во државата.

„Сакаа да знаат кои се нашите гледишта за процесите и државата, но поголем дел од времето го потрошивме за изнаоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата“, рече Гаши по средбата.

Тој исто така изјави дека странските дипломати не доаѓаат со готови решенија, туку бараат заеднички начин како политичарите би можеле меѓусебе да се договорат за излез од ваквата ситуација.

„Сите дипломати кои се дојдени до сега, барем што се однесува до пристапот што го имаат со Движењето Беса, сакаат да помогнат Македонија да излезе од досегашната криза, вели Гаши.