Гвардиола не признава грешка

Многумина сметаат дека Пеп Гвардиола направи грешка што натпреварот го почна без класичен последен играч за врска.

А, токму низ средината „сините“ го постигнаа погодокот. Мејсон Маунт ја упати топката во простор, а Хавертс го заобиколи Едерсон и го постигна единствениот гол на натпреварот.

„Имавме исклучителна сезона и чест е да се стигне до тука. Во второто полувреме бевме брилијантни и храбри. Но, тие толку силно се бранеа и беа брзи во контранападите. Можеби еден ден ќе се вратиме“, рече Гвардиола.

Шпанскиот стратег сфати дека погреши во 63 минута кога на терен го испрати Фернандињо. Сепак, тој истакнува дека ги извел најдобрите играчи.

„Кога е составот во прашање, го направив тоа што беше најдобро за екипата и ги изведов најдобрите. Треба да се биде искрен и да се каже дека голем проблем за ‘Граѓаните’ претставуваше повредата на Кевин де Брујне, кој мораше да ја напушти играта после сударот со Антонио Ридигер.

„Се повреди Де Брујне во текот на натпреварот, но тоа се случува. Во вакви натпревари потребен ви е секој играч. Целта сега ни е да се одмориме, а после тоа ќе одиме натпревар по натпревар и се надевам дека ќе се вратиме во оваа фаза од натпреварувањето“, порача Гвардиола.

(Фото: АП)