Германија: Во „Алди“ и „Лидл“ речиси секој друг производ поскапе

LinkSense.mk

Во трговските ланци како „Алди“ и „Лидл“, приближно секој втор производ оваа година поскапе, пишува „Лебенсмителцајтунг“ (Lebensmittelzeitung), портал кој ја следи состојбата во трговијата индустрија и се смета за сигурен извор на информации.Затоа Германците се повеќе се свртуваат кон поевтини алтернативи.

Тоа е забележливо, на пример, кај рибните производи, каде што брендираниот производ е за околу 2 евра поскап од трговската марка на продавницата.

Но и кај јајцата се почесто се изоставува поскапата органска варијанта.

Компаниите за пакување јајца веќе бележат двоцифрен пад на продажбата.

Фактот дека во лето се јадат помалку јајца првично е нормален развој на случувањата.Сепак, земјоделците и дисконтите стравуваат дека трендот може да продолжи и во есен и зима.Фармерите веќе чуваат се помалку кокошки бидејќи се плашат дека ќе им останат јајца или дека ќе мора да ги продаваат евтино.

Бројките од првата половина на 2022 година воопшто не изгледаа лошо. Произведени се 2,8 отсто повеќе јајца од претходната година. Органски јајца биле произведени дури 10 отсто повеќе.Ова значи дека вкупно повеќе од 7 милијарди јајца биле произведени во Германија само во првата половина на 2022 година.

Меѓутоа, произведените јајца мора да се продаваат и тоа изгледа како проблем бидејќи во просек десет органски јајца чинат речиси 4 евра.

Јајцата кои конвенционално се одгледуваат, пак, се поевтини за 1-2 евра. Товар е и наглото зголемување на сточната храна. Како резултат на сето ова може да дојде до недостиг на јајца, пишува „Лебенсмителцајтунг“.