Германија во боите на семафорот

LinkSense.mk

Јазичето на вагата која ги одмерува политичките сили за сочинување на идната влада во Берлин се повеќе се наклонува кон „црвените“ социјалдемократи. И во победничкиот табор на СПД, но и во редовите на демохристијаните, се множат констатациите дека Германија се ближи кон таканаречената „семафор коалиција“ – власт во која ќе бидат СПД, Зелените и „жолтите“ либерали (ФДП).

И социјалдемократскиот кандидат за канцелар, Олаф Шолц (63), е уверен дека е можно СПД да дормира коалициска влада.

Оптимистичен сум. Со прагматизам и со подготвеност на соработка ќе успее формирањето на владата“, напиша Шолц на Твитер.

Дојче Веле“ истакнува дека станува збор за политичар кој „поминал пат од жесток социјалист, преку досаден бирократ, до омилен кандидат на Германците“. Неговиот прекар долго време беше „Шолцомат“, како што во 2003 година го нарече неделникот „Цајт“, затоа што Шолц, во тоа време генерален секретар на СПД, на настапите делува како автомат.

Патем, „Дојче веле“ додава дека не е препознатлив по насмевка и дека никогаш не паѓа во еуфорија, па дури ни сега, додека се слави изборна победа.

Во текот на целата кампања, Шолц порачуваше дека тој, помалку или повеќе, е легитимен наследник на Ангела Меркел, па често ги спојуваше и прстите како неа, затоа што Германците над се сакаат континуитет. Само неколку месеци пред прифаќањето на канцеларската кандидатура, се кандидираше за претседател на СПД и неславно загуби. Сега, меѓутоа, ѕвездите му се наклонија, што не е случај со неговиот противник на изборите, Армин Лашет.

Незадоволството на германските демохристијани од најлошите изборни резултати на партијата во модерната историја на државата, се претвори во жесток отпор кон нивниот кандидат за канцелар Лашет, кому му се заканува губење на челната партиска позиција. Се побројни се барањата да замине од функцијата шеф на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) затоа што, како што се објаснува, „мора да ги сноси последиците на изборниот дебакл и остави маневарски простор за персонални поправки“.

Лашет, меѓутоа, не се откажува од намерите да разговара со Зелените и со либералите (ФДП) за можностите за формирање на заедничка влада. Челниците во редовите на демохристијаните предупредуваат дека унионистите треба достоинствено да ја прифатат желбата на граѓаните, кои сакаат промени.

Шефот на младината на ЦДУ, Тилман Кубан, подвлекува дека партијата ги загубила изборите. Јасен налог за формирање влада добија СПД, Зелените и ФДП“, вели тој.

И младината на Зелените се изјасни за „семафор коалиција“, која тие би ја направиле со СПД и ФДП. За нас е јасно дека Лашет не смее да се најде на местото канцелар“, заклучуваат тие.

 

Берлин на бис?

Набљудувачите на ОБСЕ регистрираа проблеми на минатонеделниве избори во Берлин. Шефицата на набљудувачката мисија. Лолита Цигане, укажува на фактот дека на многу избирачки места е забележан недостаток на гласачки ливчиња, заради што гласачите биле враќани, но и други проблеми, заради кои се бара поништување на гласањето во главниот град на Германија.

 

 

 

(Фото: АП)