Германија во состојба на готовност поради закани за напад

Германската полиција соопшти денеска дека ја заврши големата операција која ја покрена после информациите за можен напад во градот Офенбург на југозападот на земјата.

Полицајците го зајакнаа надзорот во центарот на градот и во јавниот превоз, а од полицијата наведоа дека еден неименуван ноќен клуб бил можна цел на напад.

Истрагата е во тек, но моментно не се достапни повеќе детали.

Германија е моментно во состојба на готовност, која трае уште од Божик, кога екстремист со камион прегази 12 лица.

Во саботата полицијата во Есен затвори еден трговски центар поради можност од напад.