Германија го откажува строгиот „локдаун“ за Велигден

Германија ќе го откаже строгиот „локдаун“ најавен за Велигден, изјавил извор од германската влада, јавува агенцијата АФП на Твитер.

Претходно беше објавено дека канцеларката Ангела Меркел и регионалните лидери се сложиле „локдаунот“ во државата да се продолжи до 18 април, при што дополнително требало да се поострат мерките во периодот од 1 до 5 април, односно за велигденските празници.

Да потсетиме, германската сојузна и покраинските влади на почетокот на оваа недела договорија продлабочување на постоечките мерки до 18 април и ги повикаа граѓаните за време на претстојните велигденски празници пет дена да останат дома за да се „скрши“ третиот бран од пандемијата со Корона вирусот, рече вчера канцеларката Меркел.

Меркел во преговорите што траеле до доцна во ноќта ги поттикнала челниците на 16-те германски држави на поостар став во борбата со пандемијата, пресвртувајќи ги плановите за постепено отворање на општеството, договорено на почетокот на овој месец.

Германија е во многу сериозна ситуација со оглед на ширењето на вирусот и се е поголем бројот на инфекции“, рече Меркел на конференцијата за новинари, додавајќи дека државата е во борба со времето како би ги вакцинирала жителите.

Германија во почетокот на март почна постепено да ги попушта ограничувањата, но ширењето на вирусот предизвика загриженост заради преоптоварувањето на болниците.