Германија им оддаде почит на починатите во пандемијата

Германија вчера им оддаде почит на речиси 80.000 луѓе кои починаа од коронавирус, додека земјата се бори да го надмине новиот наплив на инфекции.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја предводи комеморацијата со други високи функционери во Концертхаус во Берлин.

Од кабинетот на германскиот претседател соопштија дека церемонијата е посветена на „семејствата кои не можеа да ги испратат своите роднини кога починаа и за кои не беа можни важните ритуали на жалост“.

Во Германија досега се потврдени 79.914 смртни случаи од Ковид-19. Тоа е петти најголем број во Европа по Велика Британија, Италија, Русија и Франција.

 

(Фото: ЕПА/МИА)