Германија/Ковид-19: Лабораториите во државата ќе обработуваат неделно околу 700 илјади тестови

– Лабораториите во Германија го зголемија својот капацитет за обработка на тестови за новиот коронавирус за 700.000 неделно, соопшти Асоцијацијата на акредитирани лаборатории.

Минатата недела, капацитетот на 116 лаборатории во земјава беше 640.000. Според асоцијацијата, минатата недела се извршени 292.000 тестовим а претходната – 268.000.

Во петокот, Институтот за инфективни болести Роберт Кох препорача проширено тестирање за вирусот за да се опфатат сите лица со симптоми на респираторната болест, без разлика дали претходно имале контакт со пациент со Ковид-19.