Германија: Од арапска криминална група одземени 77 објекти

LinkSense.mk

Полицијата во Берлин заплени 77 станови и куќи во сопственост на една од најголемите арапски криминални групи во тој град, во вредност од 9,3 милиони евра.

Станува збор за група што ја сочинуваат главно Либанци, позната само по иницијалот „Р“.

Државниот обвинител Јорг Раупах на конференцијата за новинари изјави дека под истрага се 16 членови на таа група, заради сомнение дека переле пари. Обвинителот не даде повеќе податоци за ниту еден од осомничените, вклучувајќи ја и нивната националност или семејна врска еден со друг, освен дека ниту еден од нив сеуште не е уапсен.

Она што е многу важно за нас е кој профитира од кои кривични дела, а кој помага да се вратат парите од криминал во правниот промет”, рече Раупах.

Ова, истакна тој, било сигнал за организираниот криминал дека обвинителството ќе ги замрзне нивните извори на приходи, па дури тие и да ги запрат целосно, за, како што вели, „да покажеме дека во Германија тоа можеби повеќе не е непривлечно”.

Обвинителот Раупах тврди дека направиле голема работа против едно од поголемите семејства што се занимава со организиран криминал во германската престолнина: клан од арапско-либанско потекло, познат единствено по нивниот почетен иницијал „Р.

Одземањето на имотот следело после финансиската истрага, а берлинската полиција открила десетици недвижности кои припаѓаат на групата, меѓу кои се станови, куќи и апартмани и градини.

Државата ги промени записите во катастарот на градот и ја презеде контролата врз банкарските сметки поврзани со нив, а властите објавија дека станарите што живеат во имотите може да продолжат да живеат во нив и не мора да бидат свесни за промената на нивната сопственост.

Запленувањето на имотот е последниот развој од четиригодишната истрага, која почнала после извршен грабеж во експозитура на Спаркасе банка во 2014 година, во берлинската област Мариендорф кога, по експлозија на бомба од која беше разнесен речиси целиот деловен објект, беа украдени 9,16 милиони евра.

За тој грабеж осуден е еден член од семејството „Р“, Тоуфик Р, но парите никогаш не беа пронајдени.

Сепак, истрагата подоцна утврди дека еден од браќата на обвинетиот Р.Т. купувал имоти на периферијата на градот, иако тој живеел од социјална помош. Ова се покажа како пробив за истражителите.

„Тешкото нешто со овие семејни структури е тоа што ви требаат докази. Ви требаат банкарски сметки каде што гледате плаќања или повлекувања. Тешко е да ги следите парите. Тоа е како џиновска загатка. Има криминал, ама недостасуваат пари, рече Раупах.

Членовите на групата Р се поврзани со некои спектакуларни грабежи во Берлин извршени во последниве години.

Лани четворица членови на мрежата, на возраст меѓу 18 и 20 години, беа уапсени под сомневање за кражба на огромен канадски златник, вреден 3,7 милиони евра, од музејот Боде, во март 2017 година. Златникот никогаш не е пронајден, а тие се ослободени поради недостаток на докази.

Раупах рече дека во моментов нема докази за поврзаност помеѓу грабежот на монети и истрагата за перење пари.