Германија пред политички земјотрес, „Зелените“ ја чекаат есента

Назапаметено губење на членството и пад на рејтингот на Демохристијанската партија на Германија (ЦДУ) следеа после изборот на Армин Лашет за кандидат за канцелар нма унионистите на есенските избори.

Наследникот на Ангела Меркел ќе се избира, на есен, во исклучително напната атмосфера, а како што стојат работите, „Зелените“ имаат најмногу шанси да ја освојат власта, затоа што веќе сега располагаат со една третина од избирачкото тело.

Од двата копретседатели на партијата во трката за канцелар, „Зелените“ ја одбраа Аналена Бербок (40). Педесет и едногодишниот Роберт Хабек, иако искусен политичар, морал да отстапи, затоа што било проценето дека Бербок е поомилена во партиската база.

Тоа „преку ноќ“ беше наградено со скок на ректингот, на каков што ниту самите „Зелени“ не се надеваа. Сондажите на јавното мислење покажуваат на Партијата на Зелените, со 28 отсто во овој момент се водечка политичка сила во земјата. Втори се ЦДУ-ЦСУ со 21 процент.

Единствено што сега ги интересира нивните поддржувачи е длабочината на „завлекувањето“ во нивниот џеб што би можела да ги задеси со „зелената“ канцеларка, затоа што, според извесни аналитичари, без зголемување на даноците нема остварување на „Зелената агенда“.

Двоецот ЦДУ и сестринската, баварска „експозитура“ на унионистите, ЦСУ, може многу лесно да ја загуби власта. Се се помали шансите дека демохристијаните ќе бидат во можност да направат каква било коалиција во Берлин.

Демохристијаните сфатија дека за пола година, колку што остана до изборите, потребно е да се врати угледот на партијата која во последниве месеци бележи само бламажи. Од корупциски скандали до внатрешни расправии и јасно несогласување. Бројните окружни одбори, не без причина, и јавуваат на централата дека и најлојалните, повеќегодишните членови, заради фрустрации, сакаат да ја напуштат партијата. Тие кои не сакаат да си одат, а кај кои владее незадоволство, имаат намера да не излегуваат на избори, или својот глас да го дадат на други.