Германија, Чешка и Унгарија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

LinkSense.mk

Германија, Чешка и Унгарија забележаа денеска најголем број новозаразени со корона вирус во еден ден од почетокот на пандемијата, објавија тамошните власти.

Според податоците на Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 66.884 случаи заразени со ковид-19 во последните 24 часа.

Седмодневната инциденција изнесува 404,5 случаи на 100.000 жители и е за првпат поголема од 400.

една недела претходно забележани се 52.826 случаи, а седумдневната инциденција изнесуваше 319,5 случаи на 100.000 жители.

Во средата се евидентирани 335 смртни случаи поврзани со ковид-19, а една седмица претходно – 294.

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година Германија бележи 5.497.795 случаи на зараза со корона вирус, но се чини дека вистинскиот број е значително поголем. Потврдени се 99.768 смртни случаи.

Во Чешка се регистрирани 25.864 случаи на зараза со ковид-19, што е најголем број случаи во земјата со 10.7 милиони жители од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

И Унгарија бележи рекорден број на нови случаи, 12.637 потврдени новозаразени, објави денеска унгарското министерство за здравство.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)