Германија ќе издвои 1,5 милијарди евра за купување течен природен гас

LinkSense.mk

Германија ќе издвои 1,5 милијарди евра за купување течен природен гас што е можно поскоро за да го обезбеди снабдувањето со енергија во контекст на војната во Украина, соопшти денеска Министерството за економија.

Владата ангажираше приватна компанија да ја спроведе таа трансакција.

„Сега останува на компанијата да одлучи каде да купува течен природен гас – изјави неименуван портпарол на Министерството.

Германија моментално увезува повеќе од половина (55 отсто) од својот гас од Русија.