Германски европратеници обвинуваат: Јанша е како Орбан, проблем за Европа

Германски европарламентарци предупредуваат за словенечкото претседавање со Европската унија, кое почнува од 1 јули, а ќе го води словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Апелирам на сите одговорни на европско ниво, на државите членки, Европската комисија, Парламентот и медиумите, на Јанша да не му ја даваат сцената за неговата антидемократска реторика и политика“, изјави потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли (СПД), за германскиот весник „Велт“.

Таа Јанша го спореди со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Постапува многу слично како Орбан за да ја подреди државата на себе. Јанша ги скратува донациите за медиумите кои не му се допаѓаат и ги заплашува новинарите лично, посебно жените. Шестмесечното словенечко претседавање со Унијата ќе биде предизвикувачко време“, подвлече Барли.

Застапничката на либералната ФДП, Никол Бер, исто така, остро зборува за Јанша.

Премиерот Јанша мора да биде подготвен да преговара за европски решенија, а не самиот тој да биде европски проблем“, вели Бер.

Таа словенечкиот премиер го обвини дека не сака да соработува со новоформираното Европско јавно обвинителство и дека ги навредува медиумите кои не му се наклонети.

Секој кој ќе ја оцрни словенечката државна новинска агенција и за неа рече дека е ‘национален срам’ ја загрозува слободата на печатот и врши неприфатлив притисок врз новинарите и блогерите“, наведе Бер.

Јанша мора, како што вели таа, да биде подготвен на фактот дека многу внимателно ќе го надгледува неговото претседавање со Европската унија и нема да се стеснува отворено да го критикува таквото однесување како неподносливо.

 

 

 

(Фото: ЕПА)