Германски министер предупредува за „супер сој“: „Чувајте се!“

Министерот без портфељ во германската влада, Хелгер Браун, предупредува на опасност од „супер сој“ кој би можел да биде имун на вакцините против корона вирусот.

Браун, којшто е лекар по струка, во интервју за „Билд“ оцени дека Германија моментно се наоѓа во најопасната фаза од пандемијата.

Сите грижи, за жал, се остварија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од инфективна мутација. Следните дне седмици одлучуваат дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинацијата, расте бројот на заразени, расте опасноста дека следната мутација ќе биде имуна на вакцините“, објасни тој.

Со порано попуштање на мерките би можело, предупредува Браун, да се загрозат шансите за нормално лето.

Германскиот министер очекува дека состојбата ќе се подобри во мај, со напредокот во вакцинацијата и почетокот на потоплиот годишен период.