Германски „Ханделсблат“: Европа мора да купи руски вакцини

Европската унија би требало да ја купи руската вакцина против корона вирусот „Спутник Ве“ („Sputnik V“), чија ефикасност е потврдена, пишува германскиот весник „Ханделсблат“, додавајќи дека за тоа постојат три причини.

Авторот на текстот, Матијас Брухман, наведува дека, како прво, со купувањето на руската вакцина ќе се намали напнатоста во односите меѓу Русија и Европската унија.

Второ, многу луѓе кои веруваат во рускиот претседател Владимир Путин повеќе отколку на европските политичари ќе сакаат да се вакцинираат со „Спутник Ве“, што би го забрзало формирањето на неопходниот колективен имунитет, додава новинарот.

Русија од научна гледна точка е способна да постигне големи успеси во медицината, што е докажано уште во времето на Советскиот Сојуз. Источна Германија благодарејќи на полио вакцината успеа да ја искорени таа болест порано од Западна Германија“, потсетува германскиот новинар.

Третата причина заради која Унијата треба да купи руска вакцина, според мислењето на Брухман, е фактот дека главната работа во борбата против пандемијата е – користи се што помага.

Тој потсетува дека „Спутник Ве“ сакаат да купат премиери на одделни германски сојузни држави, а за таа работа се залагаат и претставници на сојузната влада.

Ако ЕУ го блокира купувањето на руската вакцина, тогаш со набавката треба да се занимава директно Берлин“, смета Брухман.

Тоа би бил исправен потег. Исто така е исправно тоа да се стори што поскоро. Впрочем, како и во случајот со западните вакцини, договорите се прават пред Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја регистрира вакцината. ЕМА сега ја проверува „Спутник Ве“, а Унгарија и Словачка веќе ја користат вакцината после регистрацијата на национално ниво“, заклучува авторот на текстот.

Да потсетиме, моментно руската вакцина против вирусот корона, „Спутник Ве“, ја минува процедурата на постепена експертиза во европското регулаторно тело за лекови. Таа процедура претходи на формалното барање на ЕМА за регистрација на вакцината на пазарот на ЕУ.

Притоа, европскиот комесар за прашања за внатрешниот пазар, Тери Бретон, неодамна изјави дека на Европа нема да и биде потребна руската вакцина, затоашто на Стариот континент е одобрено користењето на четири други вакцини против корона, што ќе биде доволно за стварање на колективен имунитет.